КОНТАКТ

Мобилен телефон : 070 269-000
Фиксен телефон : 048 522-222
Email : mfc-solar@t.mk
SKYPE : zvonko.dimeski


СОЛАРЕН ФОТОНАПОНСКИ ПАНЕЛ 300W
  • Соларен фотонапонски панел 300W
    Најголем соларeн фотонапонски панел што моментално го произведуваме !!
    Истиот материјал , стакло , фолии , соларни келии се користат и за производство и на овој соларен панел.
    Само поголеми димензии и место 60 келии се 72 келии на број.
    Изработен од најквалитетни материјали што може да се најдат на светскиот пазар.
    Калено стакло од типот LOW-IRON ,со шара во вид на призма , овозможува висок степен на пропуштање на сончевите зраци, премачкан со антирефлексивен слој за подобро искористување на сончевите зраци внатре,
    а од надворешната страна премачкан со слој за нелепење на прашина и ѓубре.
    Соларните келии се со над 17,2 проценти на искористивост и се келии со скоро највисок степен на искористивост и производ од класа А1+, без надворешни дефекти и микропукнатинки.
    Позадинската фолија од ТПТ-тип дава повеке од 25 години заштита на панелот од надворешни влијанија на влага, вода и други влијанија од атмосферата и е отпорна на УВ-зрачење, соли , киселини и др. Алуминиумската рамка е со специјален профил и овозможува цврстина и крутост на целиот панел и овозможува лесна монтажа. Стаклото со келиите и фолиите е ставено во специјален прорез на Ал-профил и залиен со специјален силикон , кој не дозволува никакво продирање на влага и воздух во слоевите од фолии и келии.
    Приклучната кутија е со кабли од 90 цм и на краевите има MC4-приклучоци , кои се стандард во индустријата на соларни фотонапонски панели.

    При изработката на соларните фотонапонски панели се внимава на секoj чекор , во сите фази на произведувањето на панелите , за да се избегне било каква грешка во производството .
    За најкритичниот дел во производството , ламинација на панелите , е набавена нова, современа автоматска машина , која е управувана од Siemens-контролер , преку современ touch-екран , така да се избегнати сите можни неправилности и човечки грешки при тој процес . Оваа машина со надворешни димензии од 2.7х1.7х1.5 м и тежина од преку 3,5 тона сега овозможува на правење на панели со максимални димензии од 2 х 1 метар .

    Електрични карактеристики на панелот при NOCT: радијација од 1000w/m2 , t=25 C i A.M = 1.5
    Номинална снага (Pmax) 300 W
    Напон при Pmax ( Umax) 36.70 V
    Струја при Pmax ( I max) 8,18 A
    Напон при отворено коло ( Uoc) 45.3 V
    Струја на краток спој (Ioc) 8.685 A
    Tолеранција на снага при Pmax +/- 5%
    Максимален системски напон 1000 V

    Останати карактеристики на панелот

    Тип на соларни келии Поликристални , klasa A1+
    Ефикасност на соларните келии >17,2%
    Димензии на соларните келии 156 х 156 мм
    Број на келии 72
    Предна страна Калено стакло IRON -FREE со ПРИЗМА -шара
    Енкапсулант ЕVA
    Задна страна TPT
    Рамка Алуминиум
    Приклучна кутија IP65 стандард
    Диоди 3 Shotky - тип
    Должина на кабли 90цм
    Конектор МC 4
    Димензии (Ш х В х Д ) 1956 х 990 х 40мм
    Тежина ~22.5кг