Мобилен телефон : 070 269-000
Viber : +38970269000
Email : mfc-solar@t.mk
SKYPE : zvonko.dimeski
Овие комплети за наводнување овозможуваат пумпата за вадење вода да почне да вади вода
уште со изгревање на сонцето,
со смалена брзина и количина на вода. Како се зголемува денот и сонцето светнува појако , така и брзината и количина на вода се зголемуваат.
Од кај 9-10h па до после 15-16 h пумпата работи со максимална снага.
А потоа снагата почнува да опаѓа и со стемнувањето пумпата престанува да работи.
Наредниот ден системите автоматски се вклучуваат и започнуваат со вадење на вода.
Не се потребни акумулатори и други елементи за контрола, системот работи автоматски, без нагледување.
Нема потреба од акумулатори, како кај системите што другите ги нудат, а секој акумулатор освен што е скап,
туку и трае најмногу 3-4 години. Нема потрошни материјали ( како акумулаторите ) па целиот систем е долговечен и без замена на потрошените елементи. И за сето тоа време на работа на системите, нема дотурање на нафта, миризба на чад,
бучава и откажување на агрегатот,
туку целосно чиста,зелена, бесплатна енергија..
Во зависност избраниот комплет ,а кој ќе зависи од типот на пумпата што сакате да ја користите,
ќе зависи бројот на панели и големина на специјалниот тип на инвертер.
Цените се движат од 1700 - 6000 евра , што се сосем прифатливи за сите земјоделци или фармери, со оглед дека системите ке се исплатат за неколку години , а потоа над 20 години системот ке работи бесплатно.
Има секоја година доделување на грантови ( целосни или делимични) од разни организации (како UNDP и IPARD ), па можете да конкурирате и да добиете целосно или делимично бесплатен систем .
Првиот ваков систем е наместен во овоштарник во Ресен, во посед на Земјоделското училиште.
Фотографиите ги имате во делот ПРОЕКТИ , а самиот систем може да се види и на лице место.
Вториот поголем систем е монтиран исто во Ресен .
Првиот систем од ИПАРД2 програмата е монтиран во с.Кучевиште,
а друг систем има во Кочанско, за кого видеото може
да се види на YUOTUBЕ.
Електричната пумпа е обична пумпа за вадење вода, независно дали е потопна или надворешна, само треба да е
трофазна 3х380V, врзана во триаголник и со соодветна снага
( кога купувате соодветна пумпа )..
Пумпата не е влезена во комплетот и мора сами да си ја набавите, според Вашите потреби и можности.
Од количината на водата, длабочината од која се вади, се одбира големината на пумпата, нејзината снага.
Од тоа ке зависи кој комплет ке го изберете. Ние може да Ви помогнеме во изборот на пумпа, само јавете се.
Не се потребни некакви додатни заштитни кола и електроника за пумпата, зошто специјалниот инвертер во себе
содржи
елетрична заштита на моторот, сензори за височина на вода во бунарот и резервоарот и сл.
За сите соларни системи , па и за овие за наводнување, важи дека најдобро функционираат од пролет до есен,
а веке од касна есен, па најмногу во зима, па и рана пролет, работат со намален капаците на производство на
струја или воопшто не работат.
Системите за наводнување работат со доста намален капацитет или скоро воопшто
не работат во тие денови зошто сонцето е слабо или го нема( касна есен , зима и рана пролет ).
Секако дека не е потребно наводнување тогаш.
Место овие комплетит може да употребите за наводнување и било кој од комплетите
МЕГА 1 , МЕГА 2 , СТАРТ или БИГ,
во зависност од големината на пумпата и времетраењето на наводнувањето.
Во овој случај наводнувањето може да се врши и преку нок , заради акумулаторите, се разбира со ограничувањето
во поглед на вкупните сати на работа и големина на пумпата.
Набавка на систем за наводнување преку ИПАРД-програмата за унапредување на земјоделието !!
Нов конкурс за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД - програмата
ке има наскоро !!!
Разгледајте , видете каков систем Ви е потребен , побарајте понуда и/или профактура од кај нас и поднесете ги документите .
Можете да добиете неповратни средства во висина од 60-70% !! ПОБРЗАЈТЕ !!!
Најбитно кај ваквите системи е снагата на панелите да е барем 1,5 пати поголема од снагата на пумпата, инаку системот нема да работи во поголемиот дел од денот.
Сум видел системи, проектирани од „стручњаци“ , кои за да понудат пониска цена, ставаат помалку панели од снагата на пумпата. Се разбира дека ваков систем нема да работи.
Нашите системи се користат од 2014 година, се покажаа одлично во пракса ( репер е Земјоделското уќилиште во Ресен, каде е монтиран првиот ситем во 2014 година ), зошто се правилно проектирани, а сега имаат и одлична цена.
Комплет за наводнување преку ден - до 600W пумпа
Најмалиот од сите комплети , но сосем доволен да движи пумпа за вода со снага до 600 W !
Во најголем број на случаи сосем доволно за наводнување на мала бавча , насад со овошки или мал систем „капка по капка “, потреба од вода за фарма со животни и друго.
Комплет за наводнување преку ден - до 1,5 КW пумпа
Најпогоден комплет за наводнување!
Доволно голем за да задоволи голем број на потреби за наводнување на насади , за поголема фарма за напојување на стоката и слично.
Комплет за наводнување преку ден - до 3 КW пумпа
Респектабилен комплет за наводнување!
Овој модел е монтиран во Земјоделското училиште во Ресен и наводнува со систем „капка по капка “
неколку овоштарници со јаболка.. Исто поставен е во с.Царев двор и наводнува плантажа со лешници .
Комплет за наводнување преку ден - до 4,5 КW пумпа
Ако е потребна поголема количина на вода или пак водата треба да се црпи од поголема длабочина ,
тука е овој комплет со пумпа до 4,5КW..
Комплет за наводнување преку ден - до 6 КW пумпа
Најголемиот комплет за наводнување!
Но и овде не е крајот на системите .Ако Ви е потребен систем со поголеми пумпи ,
повелете , контактирајте не’
, ке Ви проектираме систем по Ваша желба..