КОНТАКТ

Мобилен телефон : 070 269-000
Viber : +38970269000
Email : mfc-solar@t.mk
SKYPE : zvonko.dimeski


  • -СОЛАРНИ ФОТОНАПОНСКИ ПАНЕЛИ -

    Соларните фотонапонски панели се уреди кои изложeни на сончева светлина даваат одредена струја и напон (најчесто 12V или 24V).Таа струја може да се користи за полнење на акумулаторски батерии и подоцна да се употреби или пак дирекно да се користи . Тие се идеално решение за места и објекти каде е тешко или не е можно да се обезбеди класична електрична енергија Еднаш поставените соларни фотонапонски панели даваат електрична енергија , потполно бесплатно , следните 20-25 години со услов да се сменат акумулаторите во наредните 5-10 години. Додатната автоматика го контролира полнењето и празнењето на акумулаторите , така да не е воопшто потребно системот да се надгледува.
    Каде може да се употребат соларните фотонапонски панели :

    - осветлување и напојување на викендици и куќи
    - осветлување и напојување на помали потрошувачи
    - за осветлување и напојување на фарми
    - црпење на вода за наводнување во земјоделското производство и стока
    - за систем капка по капка и проветрување во стакленици и пластеници
    - улично осветлување
    - за погон на фрижидери и останати разладни уреди
    - напојување на чамци и бродови
    - за кампување, лов и риболов
    - електрификација на поодалечни села
    - метереолошки станици
    - напојување на ТВ репетитори и предаватели
    - системи за телекомуникации
    - за самостална работа на бежични камери и надгледување на објекти
    - резервно напојување во случај на прекин на електрична енергија
    - сигнално осветлување на патиштата
    - за сите останати места каде електричната мрежа не е достапна, или е неисплатлива.

    Не се погодни за вклучување на грејни апарати: шпорет, бојлер, електрична греалка, електрична печка, кафемати, пегли, апарати за заварување, големи хилти и големи брусилици, мешалки за бетон , затоа што сите тие се многу големи потрошувачи на ел.енергија , а може и многу лесно да го прегорат инверторот.
    Во сл. табела се дадени потрошувачи и нивна приближна моќност , па сами можете да пресметате колкава инсталирана моќност ви е потребна..
  • Потрошувач: снага (W) струја (A) ( 220V ~)
    Мал телевизор 70 0.31
    Голем телевизор 100 0,45
    Штедлива сијалица 25 0,1
    Радио 12 005
    Мобилен телефон 12 0,05
    Вентилатор 45 0,1875
    Фрижидер 150 0,7
    Пумпа за вода 1000 4,2
    Компјутер 250 1,15
  • Најчесто соларните панели се поставуваат на кровната конструкција , но може да се постават и на земја. Правецот кон кој гледаат панелите е кон југ .
    Аголот на налегнатост спрема земјата треба да биде од 35 до 60 степени зависно од временскиот период, лете треба да се спуштени а преку зимата подигнати.
    Но доколку можностите тоа не го дозволуваат ,се прави ФИКСНА конструкција .
    Самите панели произведуваат еднонасочна струја и во зависност од сончевото зрачење, моќноста може да варира, но за тоа се грижи самата автоматика односно контролерот на полнење.
    Јачината на струјата која се добива од панелите зависи од моќноста ( ватажата) на самиот панел. Исто така многу зависи од тоа дали времето е многу сончево, сончево или пак облачно. Најмногу струја ќе добиеме кога времето е максимално сончево, додека кога времето е облачно исто така ќе добиваме струја, но со значително помал интензитет.
    Се разбира , за деновите кога има доволно сонце , од пролет до есен . A во зима кога има помалку сонце се добива помалку струја, околу 40-50 % од наведеното за панелите . Не е проблем кога еден ден или два нема сонце , проблем е кога повеќе денови со ред нема сонце . Панелите и кога е многу облачно или магливо даваат до 5 % од номиналната снага . Се разбира , од употребените апарати , нивното користење во текот на 24 часа , ќе зависи колку панели ќе се употребат , колкави акумулатори и сл. Секој систем од соларни фотонапонски панели , акумулатори и инвертори може СЕКОГАШ и во било кое време да биде надграден и зголемен !

    - ON-GRID соларни фотонапонски централи-

  • Соларните фотонапонски централи кои се приклучени директно на електричната мрежа ,синхронизирани по фаза и напон , ја произведуваат ел.струја и ја предаваат дирекно во мрежата .
  • Притоа , потрошувачите приклучени во Вашиот дом , маркет или погон , ја трошат најпрво таа енергија , па ако е малку „земаат “ од ЕВН .
  • Соларните централи се конфигурираат и продаваат , начесто по инсталирана снага на фотонапонските панели
  • пр. соларна централа од 10 KW ,се состои од вкупно 10 KW соларни панели и соодветен инвертер.
  • Притоа , таа не произведува 10 KW моментална ел.енергија туку обично 80-90% во идеален случај на идеално поставени соларни панели према југ, со идеален отклон према земја,чисти како од фабрика да се излезени и сл.
  • Во реалниот свет , обично не се поставени идеално , има загуби во самиот систем , должина на кабли, загуби при претворањето во самиот инвертер,кој месец е од годината ( најдобро е од крајот на мај , па до септември)
  • и кое време е на денот ( обично околу 2-3 часа околу пладне ) и дали е чисто сончево небо или не.
  • Ако е облачно , магливо , врне тогаш производството е помало ( на магла и врнежливо е 0-10% ).
  • Фирмата FRONIUS чии инвертери ги користиме во нашите соларни фотонапонски централи има направено
  • специјална интернет страна , на која може да се пријави секоја соларна централа и во живо да се следи нејзиното производство https://www.solarweb.com
  • Можете да отидете таму и да погледнете неколку соларни централи , од Цела Европа , со различна снага , колку моментално произведуваат , колку произведувале минатите денови ,минатите месеци или година.
  • Ова ќе го опишеме подетално за да се снајдете:

  • - https://www.solarweb.com
    - кликнете на VIEW DEMO
  • - пример кликнете на Fronius IT Bussolengo , па клик на ANALYSIS , па на HISTORY .
  • - На новиот екран ке ги имате DEVICES , изберете Symo 7.0-3-M (# 1) а на CHANELS изберете Apparent power (S)
  • за да добиете покажување на моментална мокност , односно произведена струја во тој момент, па OK
  • - На другиот дел од сликата го имате графиконот за DAY (прикажува моментална произведена снага за тековниот ден .Можете на < да изберете од изминатите денови .
  • По Y-оска ја имате моќноста во W , а по X-оска времето на денот.
  • - На MONTH ili YEAR го имате вкупното произведено количество на струја за секој ден (во MONTH ) или секој месец (во YEAR ). Имајте во предвид дека се работи за соларна централа од 7 KW ..
  • -Слично , ако се вратите на почетокот на VIEW DEMO и изберете Fronius ES Madrid , па пак клик на ANALYSIS ,па на HISTORY .Следи DEVICES ( изберете Symo 5.0-3-M (1) (# 1) ), а на CHANELS изберете Apparent power (S)
  • ке добиете преглед на 5 KW систем со SYMO инвертер , поставен во Мадрид.
  • -Со преглед на повеке податоци , за моментална снага во текот на денови , или збирна за денови и месеци , ке стекнете поголем увид во производството на струја на соларните фотонапонски системи .


 


  • ---НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ---


    - Дали поставувањето на соларните фотонапонски панели е исплатива инвестиција?
    За колку време ќе се врати вложеното ? -


    Иако почетните вложувања за поставување на систем за производство на електрична енергија од соларни фотонапонски панели се големи , во тек на неколку години тие пари ќе бидат вратени . Електричната енергија , кај нас , а и во светот е со постојното зголемување на цената , па ваквите системи ќе бидат исплативи за брзо време по нивното поставување . А потоа долг низ на години ке користите бесплатна електрична енергија, со минимално одржување на системот.

    - Колку се трајни соларните панели? -

    Соларните фотонапонски панели , вакви како што се произведени во МФЦ-СОЛАР , од материјали од кои произведуваат и сите светски произведувачи , изработени со најсовремени машини и технолошки процеси ,
    се направени да траат најмалку 25 години.
    Не е направена никаква импровизација и користење на поевтини и понеквалитетни материјали при нивната изработка .Трајноста на соларните фотонапонски панели се цени на над 25 години ,притоа земајќи во предвид дека моќноста со тек на време се намалува за малку , и тоа по првите 10-15 години моќноста е на 90% од почетната ,а за 20 години веќе е на 80% .Тоа е занемарливо во однос на годините на трајност .
    При изработката се користи специјално калено стакло со призми за подобра искористивост на сончевите зраци и заштита на ќелиите од врнежи на послаби зрна град .Влагата и водата воопшто не можат да продрат во ќелиите внатре , зошто се заштитени со специјални пластични обвивки , кои пак се отпорни на УВ-зрачење и се постојани со тек на време . Алуминиумската рамка му дава цврстина на панелот при налети на појак ветар и исто служи за монтажа на самите панели .

    - Какви се комплетите за викендици и куќи? -

    Направени за да може да се произведе потребната ел.струја , која ќе биде доволна илјадниците наши викендички и куќи да бидат осветлени со ел.струја , место да се осветлува со свеќи и газиени ламби .
    Ќе им овозможи на нивните корисници да не си легнуваат со заоѓањето на сонцето , со помош на малиот комплет на викендички . Да можат да искористат убава летна вечер со пријателите , притоа гледајќи
    ТВ-натпревар , со помош на средниот комплет за викендички . А ако пак притоа сакаат да се напијат ладно пиво тогаш ќе мораат малку да го "зајакнат " системот со големиот комплет за викендички и тогаш ќе можат да приклучи и фрижидер . Мега комплетите пак ке овозможат приклучување на хидрофор , за добивање на вода , или пак слични апарати , за користење на компјутер или лаптоп и слични погодности.
    Четирите комплети за куќи се направени така да за почеток да овозможат минимално производство и задоволување на потребите со ел.струја , СТАРТ - комплетот. А со растењето на потребите , да се надоградува системот со повеке панели , акумулатори и контролери , БИГ и МЕДИУМ - комплет. И за на крај со ЈАМБО - комплетот да овозможи задоволување на скоро сите потреби од ел.струја во една куќа. Притоа целиот систем е поевтин од оној кога треба да се приклучите на ЕВН а после и да плакaте сметки за потрошената ел.струја..
    Ако ја имате таа среќа да сте многу близу до бандера од ЕВН , само за приклучокот ќе платите 500 евра . А не е само тоа , туку ќе платите кабли,ормарчина и слични "ситни" работи и математиката ќе излезе околу 800-900 евра . А ако бандерите се доволно далеко од Вашата викендица , слободно заборавете на приклучок од ЕВН , освен ако не сакате да потрошите неколку илјади евра . Но пак после останува да ја плаќате струјата и сите додатни глупости што се сметаат со неа, осветление , ТВ-претплата и сл. А вака ќе платите само од 330 до 1200-1900 евра ,во зависност од кој комплет го сакате ( ако сакате сами да го монтирате системот) или уште 80-100 евра ако сакате ние да го монтираме ,а потоа струјата Ви е БЕСПЛАТНА !!! Комплетите за викиндички и куќи ке може подетално да се видат како изгледаат , заедно со нивните карактеристики на почетната страна во делот ПРОИЗВОДИ ... Сите системи се надоградливи со панели , со акумулатори и контролери, така да ако за почеток земете помал систем , во било кое време можете да го зголемите.

    - Која е цената на соларните фотонапонски панели и другата опрема ? -

    Соларните фотонапонски панели се продаваат по следните цени :
    Повелете јавете се на телефоните или пишете на емајл или скајп ..
    Нема да бидете разочарани од ниските цени...
    И ова се гарантирано најниски цени на соларни панели во Македонија!!!
    А ниски се зошто се произведени во Македонија и се од "прва рака" , а не преку неколку (пре)продавачи ... Тука не ги споменувам евтините кинески панели кои се продаваат од разноразни увозници и тоа под име на препознатливи брендови на соларни панели. Тоа се само евтини копии , се продаваат со толку ниски цени зошто се последната класа од произведените панели , произведувачот ги дава евтино само за да не ги фрли , а нашиве "дилери" ги увезуваат и продаваат како "прва класа соларен панел" .
    Обично откажуваат после неколку години , а и во тие први години ,најчесто не ги даваат карактеристиките кои се наведени .
    За купувачи на повеќе од 100 панели наеднаш цените може да се уште пониски. За нив нудиме производство на панели по сопствен избор на димензии на панел , моќност и изглед.

    - Дали можам да произведувам и продавам ел.струја на ЕВН ? -

    Со сегашните закони НЕ МОЖЕ приватно и правно лице да произведува електрична струја и истата да ја продава на ЕВН , дури ни по обична цена . А секој слободно може да си постави систем со кој ќе произведува струја и ќе ја користи за сопствени потреби.Инаку ,наесен се очекува да биде донесен законот со кое ке се овозможи поставување на тој т.н. ON-GRID систем и со кој конечно ке се овозможи и кај нас да прозиведуваш она што трошиш.. Но и без тој закон се’ повеке се поставуваат такви системи и тие произведуваат бесплатна ел.енергија.

    - Дали е поевтина произведената струја од дизел - агреагати или од соларни панели ? -

    Дизел агрегатот е поевтин од системот со соларни панели , акумулатори и претворувачи , но само првата година на експлоатација ..
    Но високата цена на горивото, неговиот транспорт и чување ,одржување на агрегатот, дотурот на гориво на неколку часа , со тоа тој е најскапиот облик на произведена ел.струја .
    Затоа тука се соларните панели , кои за почеток се малку поголема инвестиција , но за кратко време може да се исплати инвестицијата .Кај нив слаба алка се акумулаторите , кои траат 2-7 години ,во зависност од типот и се скапи ако се работи за специјални соларни акумулатори .Додека панелите имаат век на траење од минимум 25 години и не бараат скоро никакво одржување ( потребно е одвреме-навреме да се избришат од прашина , но со првиот дожд и тоа се решава ).

    - Имам мала бавча која сакам да ја напојувам со вода .Водата се вади со ел. пумпа .
    Дали може соларните панели да ја дадат потребната струја за работа на пумпата? -


    Било кој електричен апарат , вклучувајќи и ел.пумпа за вода може да работи на струјата произведена од систем со соларните панели .За да знаете каков систем Ви треба , погледнете колку вати ( W) e пумпата и размислете колку часа дневно ви треба да работи пумпата ..Потоа со тие податоци јавете се да Ви пресметаме каков систем ке биде доволен за Вас.Тука е веке и понудениот систем за дневно наводнување..


    - Ако имате додатни прашања , повелете контактирајте не', ке Ви одговориме !!! -

  •  

    Ваш МФЦ-СОЛАР