КОНТАКТ

Мобилен телефон : 070 269-000
Viber : +38970269000
Email : mfc-solar@t.mk
SKYPE : zvonko.dimeski


  • --За МФЦ-СОЛАР --

    Почнавме во 2011 година со производство на првите фотонапонски панели, произведени во Македонија, со сопствена технологија на производство.
    Главната мисла беше да се произведат панели за производство на струја, потребни за напојување на куќа во планина, во која требаше да се преселиме јас и споругата после пензионирање.
    Скапите решенија доведоа до првите самоградени панели, кои се покажаа толку одлични што и други ги побараа. Побарувачката беше толку голема што собравме сили, средства и знаење и набавивме професионален ламинатор, без кој не може да се замисли прозиводството на панели. Најпрво се порачуваа и работеа мали количини на соларни панели, кои веднаш беа продавани .
    Притоа, водени од потребите на т.н. мали потрошувачи направивме повеке комплети за викендици и куќи, за веднаш клиентите да знаат што треба да набават и за кои потреби од ел.струја. Веднаш после тоа дојдоа системите за целодневно наводнување на барања на неколку земјоделци.
    Па преку сооларните фотонапонски ОН-ГРИД централи го заокружуваме целиот циклус на производство и монтажа на соларни фотонапонски панели и системи.
    Од пред 3 години сме преселени во нов објект од 250м2, приземје на 2 стамбени куќи, каде се производството и магацинот. Почнавме како фамилијарна фирма и така добро функционираме, со повремен ангажман на надворешни лица при монтажа на поголеми проекти, што не значи дека нема да се прошириме во иднина.
    Нашите клиенти имаат веќе готови комплети, не требаа да лутаат во потрага на потребните решенија и елементи.Може да побараат од нас да ги монтираме комплетите или да ги нарачаат и сами да ги монтираат. Исто може од нас да набават и поединечни елементи: соларни панели од различна големина и моќност, контролери за полнење , акумулатори и голем избор на инвертери со различни снаги и напон.
    При производството на соларните панели користиме соларни келии од А+ класа, од најпознатите произведувачи на соларни келии во светот, исто како и ЕВА, ТПТ, калено стакло со призма, алуминиумски рамки, приклучни кутии, силикони за спојување, бус-бар и др.
    Само квалитетниот материјал и изработка доведува до квалитетен производ и за овие 9 години на производство НЕМАМЕ НИТУ ЕДНА РЕКЛАМАЦИЈА на неисправен соларен панел !!!
    Од минатата година сме и FRONIUS SYSTEM PARTNER, на најпознатата компанија за производство на ОН-ГРИД инвертери FRONIUS, Austria, при што ги нудиме и монтираме нивните инвертери во соларните фотонапонски централи. Малку поскапи од обичните кинески марки на инвертери, ама квалитетот, сигурноста и ефикасноста се исплати и за нас и за клиентите !

    Каде се гледаме во иднината?

    Иднината припаѓа на искористувањето на бесплатната, чиста и неограничена енергија од сонцето!
    Ке продолжиме и понатаму со квалитетни производи и монтажи .
    Со воведување во производство на повеке типови на соларни фотонапонски панели и поголем избор на комплети и големини на соларни централи ...

    Ваш МФЦ-СОЛАР