Мобилен телефон : 070 269-000
Viber : +38970269000
Email : mfc-solar@t.mk
SKYPE : zvonko.dimeski
Соларен фотонапонски панел 80W
Помал соларен фотонапонски панел, изработен од половинки од монокристални келии !
Изработен од најквалитетни материјали што може да се најдат на светскиот пазар.
Калено стакло од типот LOW-IRON ,со шара во вид на призма , овозможува висок степен на пропуштање на сончевите зраци,
премачкан со антирефлексивен слој за подобро искористување на сончевите зраци внатре,
а од надворешната страна
премачкан со слој за нелепење на прашина и ѓубре.
Соларните келии се со над 17 проценти на искористивост и се келии со скоро највисок степен на искористивост
и производ од класа А1+, без надвореши дефекти и микропукнатинки.
Позадинската фолија од ТПТ-тип дава повеке од 25 години заштита на панелот од надворешни влијанија
на влага, вода и други влијанија од атмосферата и е отпорна на УВ-зрачење, соли , киселини и др.
Алуминиумската рамка е со специјален профил и овозможува цврстина и крутост на целиот панел и овозможува лесна монтажа.
Стаклото со келиите и фолиите е ставено во специјален прорез на Ал-профил и залиен со специјален силикон ,
кој не дозволува никакво продирање на влага и воздух во слоевите од фолии и келии..
Овие мали соларни фотонапонски панели се направени за посебни намени : улично осветлување ,
осветлување со ЛЕД-сијалици на градини и други помали објекти, за телекомуникациони уреди ,
како напојување за пумпи за соларни термални колектори , мали пумпи за базени , напојување на лаптоп во дивина,
напојување на помал ТВ и на други места во зависност од вашата имагинација..
Kарактеристики на панелот
Тип на соларни келии | Монокристални, класа A1+ |
Ефикасност на соларните келии | >17% |
Број на келии | 36 |
Предна страна | Калено стакло со ПРИЗМА -шара , IRON -FREE |
Енкапсулант | ЕVA |
Задна страна | TPT |
Рамка | Алуминиум |
Приклучна кутија | IP65 стандард |
Диоди | Shotky - тип |
Должина на кабли | 60цм |
Димензии (Ш х В х Д ) | 820 х 670 х 25мм |
Тежина | ~5 кг |