Мобилен телефон : 070 269-000
Viber : +38970269000
Email : mfc-solar@t.mk
SKYPE : zvonko.dimeski
Следниот тип на инвертер е 24V/4КW е на попуст и распродажба ( останати се помалку од 10 парчина,побрзајте )!
Инвертерите со модифициран синус се најчесто користениот тип на инвертери !
Зошто се најевтини, со не многу комплицирана изработка и употребени делови, а успешно ги напојуваат скоро сите електрични апарати без никаков проблем.
Напонот што го произведуваат овие типови на инвертери е 220-230V и е ист како и од електричната мрежа ,
само се разликува обликот на сигналот ( тој е правоаголен , а од ел.мрежа е синусен и поради тоа понекогаш
може да се јави слабо зуење од некои апарати) .Тоа е единствената разлика!
Електрични уреди кои работат со ваков тип на инвертер:
- сите видови на сијалици , обични ,штедливи или ЛЕД
- телевизори , обични или ЛЦД
- фрижидери и замрзнувачи
- разни монофазни електромотори и пумпи
- бормашини
- правосмукалки
- полначи за мобилен
- радио
- компјутери и лаптопи
- алармни уреди и камери...
Не можат да работат со ваков тип на инвертер :
- Новите дигитални машини за перење алишта
- Некои типови на компјутери и лаптопи
- некои алармни системи
- трофазни мотори ( за нив треба плус VFD -инвертер )
- Котли на пелети
Ниту еден тип на инвертери не може да напојува со струја :
шпорети , греалки, пегли, бојлери за топла вода, апарати за заварување, мешалки за бетон , хилти, кафемати..
Грејните тела , затоа што греачите во ладна состојба се скоро краток спој за инверторот и тој може лесно да прегори при самото вклучување на уредот.
Апарат за заварување е исто голем проблем за инвертерот и тоа во оној момент кога ќе "залепи "електрода ,
ке прегори инвертерот поради преголемата снага
Мешалка за бетон ке биде покрената кога е празна , но ако ја вклучите наполнета , ке направи проблем на инвертерот и може тој да прегори.
Ако имате мотор во уредот , СЕКОГАШ сметајте снагата на инверторот да е 5 до 7 пати ПОГОЛЕМА од онаа на моторот во уредот ( хидрофор, пумпа за вода, правосмукалка, брусилица и сл.)
поради "ударниот" момент првите неколку секунди при старувањето на моторот.