Се користи за поврзување на соларните фотонапонски панели со контролерите и остатокот од системот.
При монтажите се користи жица со повеке жички внатре ( лицнаста) заради флексибилноста и се користат
2 жици во различни бои , за да не се погреши поларитетот .
Напречниот пресек треба да е што поголем ( за 2-3 панели обично со 4мм2 напречен пресек , а за 3 и повеке панели со 6 мм2).
Должината на жицата треба да е што помала заради што помалите загуби , зошто течат големи струи низ жицата.Ако е потребна поголема должина да се дуплира жицата или да се користи жица со поголем пресек.