Мобилен телефон : 070 269-000
Viber : +38970269000
Email : mfc-solar@t.mk
SKYPE : zvonko.dimeski
Соларен фотонапонски панел 150W
Основен модул за градба соларeн фотонапонски систем !
Изработен од најквалитетни материјали што може да се најдат на светскиот пазар.
Калено стакло од типот LOW-IRON ,со шара во вид на призма , овозможува висок степен на пропуштање на сончевите зраци,
премачкан со антирефлексивен слој за подобро искористување на сончевите зраци внатре,
а од надворешната страна
премачкан со слој за нелепење на прашина и ѓубре.
Соларните келии се со над 17,2 проценти на искористивост и се келии со скоро највисок степен на искористивост
и производ од класа А1+, без надвореши дефекти и микропукнатинки.
Позадинската фолија од ТПТ-тип дава повеке од 25 години заштита на панелот од надворешни влијанија
на влага, вода и други влијанија од атмосферата и е отпорна на УВ-зрачење, соли , киселини и др.
Алуминиумската рамка е со специјален профил и овозможува цврстина и крутост на целиот панел и овозможува лесна монтажа.
Стаклото со келиите и фолиите е ставено во специјален прорез на Ал-профил и залиен со специјален силикон ,
кој не дозволува никакво продирање на влага и воздух во слоевите од фолии и келии.
Приклучната кутија е со кабли од 90 цм и на краевите има MC4-приклучоци , кои се стандард
во индустријата на соларни фотонапонски панели.
При изработката на соларните фотонапонски панели се внимава на секoj чекор , во сите фази
на произведувањето на панелите , за да се избегне било каква грешка во производството .
За најкритичниот дел во производството , ламинација на панелите , е набавена нова, современа
автоматска машина , која е управувана од Siemens-контролер , преку современ touch-екран ,
така да се избегнати сите можни неправилности и човечки грешки при тој процес .
Оваа машина со надворешни димензии од 2.7х1.7х1.5 м и тежина од преку 3,5 тона сега овозможува
на правење на панели со максимални димензии од 2 х 1 метар .
Електрични карактеристики на панелот при NOCT: радијација од 1000w/m2 , t=25 C i A.M = 1.5 | |
Номинална снага (Pmax) | 150 W |
Напон при Pmax ( Umax) | 17,86 V |
Струја при Pmax ( I max) | 8,400 A |
Напон при отворено коло ( Uoc) | 21,7 V |
Струја на краток спој (Ioc) | 8,9 A |
Tолеранција на снага при Pmax | +/- 5% |
Максимален системски напон | 1000 V |
Останати карактеристики на панелот
Тип на соларни келии | Поликристални, класа A1+ |
Ефикасност на соларните келии | >17,2% |
Димензии на соларните келии | 156 х 156 мм |
Број на келии | 36 |
Предна страна | Калено стакло со ПРИЗМА -шара , IRON -FREE |
Енкапсулант | ЕVA |
Задна страна | TPT |
Рамка | Алуминиум |
Приклучна кутија | IP65 стандард |
Диоди | 3 Shotky - тип |
Должина на кабли | 90цм |
Конектор | МC 4 |
Димензии (Ш х В х Д ) | 980 х 1000 х 32мм |
Тежина | ~10 кг |