Мобилен телефон : 070 269-000
Viber : +38970269000
Email : mfc-solar@t.mk
SKYPE : zvonko.dimeski
- Инвертери со чист синус -
Поскап тип на инвертери , скоро 80-100% од оние со модифициран синус !
Со доста комплицирана изработка и употребени делови,
но затоа успешно ги напојуваат СИТЕ електрични апарати без никаков проблем,
(освен ограничувањата што постојат за грејни тела и др.апарати набројани најдолу!)
Напонот што го произведуваат овие типови на инвертери е 220V ,
а обликот на струјата е чист синус ,исто како и од електричната мрежа .
Не можат да работат со ваков тип на инвертер :
- трофазни мотори ( за нив треба плус VFD -инвертер )
Ниту еден тип на инвертери не може да напојува со струја :
шпорети , греалки, пегли, бојлери за топла вода, апарати за заварување, мешалки за бетон , хилти, кафемати..
Грејните тела , затоа што греачите во ладна состојба се скоро краток спој за инверторот и тој може лесно да прегори при самото вклучување на уредот.
Апарат за заварување е исто голем проблем за инвертерот и тоа во оној момент кога ќе „залепи “електрода .
Мешалка за бетон ке биде покрената кога е празна , но ако ја вклучите наполнета , ке направи проблем на инвертерот и може тој да прегори.
Ако имате мотор во уредот , СЕКОГАШ сметајте снагата на инверторот да е 5 до 7 пати ПОГОЛЕМА од онаа на моторот во уредот ( хидрофор, пумпа за вода, правосмукалка, брусилица и сл.)