КОНТАКТ

Мобилен телефон : 070 269-000
Фиксен телефон : 048 522-222
Email : mfc-solar@t.mk
SKYPE : zvonko.dimeski

Овие комплети за наводнување овозможуваат пумпата за вадење вода да почне да вади вода
уште со изгревање на сонцето, со смалена брзина и количина на вода.
Како се зголемува денот и сонцето светнува појако , така и брзината и количина на вода се зголемуваат.
Од кај 9-10h па до после 14-15 h пумпата работи со максимална снага.
А по 14-15 h снагата почнува да опаѓа и со стемнувањето пумпата престанува да работи.
Наредниот ден системите автоматски се вклучуваат и започнуваат со вадење на вода.
Не се потребни акумулатори и други елементи за контрола , системот работи автоматски , без нагледување.
Нема потреба од акумулатори , како кај системите што другите ги нудат, а секој акумулатор освен што е скап ,
туку и трае најмногу 4-5 години. Нема потрошни материјали ( како акумулаторите ) па целиот систем е долговечен и без замена на потрошените елементи. И за сето тоа време на работа на системите, нема дотурање на нафта, миризба на чад,
бучава и откажување на агрегатот , туку целосно чиста,зелена, бесплатна енергија..
Во зависност избраниот комплет ,а кој ќе зависи од типот на пумпата што сакате да ја користите,
ќе зависи бројот на панели и големина на специјалниот тип на инвертер.
Цените се движат од 1700 - 9500 евра , што се сосем прифатливи за сите земјоделци или фармери, со оглед дека системите ке се исплатат за неколку години , а потоа над 20 години системот ке работи бесплатно.
Има секоја година доделување на грантови ( целосни или делимични) од разни организации (како UNDP и Европска унија ) , па можете да конкурирате и да добиете целосно или делимично бесплатен систем .
Првиот ваков систем е наместен во овоштарник во Ресен , во посед на Земјоделското училиште.
Фотографиите ги имате во делот ПРОЕКТИ , а самиот систем може да се види и на лице место.
Вториот поголем систем е монтиран исто во Ресен .
Првиот систем од ИПАРД2 програмата е монтиран во с.Кучевиште.

Пумпата треба да е трофазна 3х380V, врзана во триаголник и со соодветна снага ( кога купувате соодветна пумпа )..
Пумпата не е влезена во комплетот и мора сами да си ја набавите , според Вашите потреби и можности.
Од количината на водата , длабочината од која се вади се одбира големината на пумпата, нејзината снага.
Од тоа ке зависи кој комплет ке го изберете.
Не се потребни некакви додатни заштитни кола и електроника за пумпата , зошто таа во себе содржи
елетрична заштита на моторот,сензори за височина на вода во бунарот и резервоарот и сл.

За сите соларни системи , па и за овие за наводнување,важи дека најдобро функционираат од пролет до есен,
а веке од касна есен , па најмногу во зима , па и рана пролет ,
работат со намален капаците на производство на струја или воопшто не работат.
Системите за наводнување работат со доста намален капацитет или скоро воопшто не работат во тие денови зошто сонцето е слабо или го нема( касна есен , зима и рана пролет ).
Секако дека не е потребно наводнување тогаш.

Место овој комплет може да употребите за наводнување и било кој од комплетите МЕГА 1 , МЕГА 2 , СТАРТ или БИГ ,
во зависност од големината на пумпата и времетраењето на наводнувањето.
Во овој случај наводнувањето може да се врши и преку нок , заради акумулаторите , се разбира со ограничувањето
во поглед на вкупните сати на работа и големина на пумпата.

Набавка на систем за наводнување преку ИПАРД-програмата за унапредување на земјоделието !!
Нов конкурс за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД - програмата
веке има од 26 декември 2018. Побрзајте !!!
Разгледајте , видете каков систем Ви е потребен , побарајте понуда и/или профактура од кај нас и поднесете ги документите .
Можете да добиете неповратни средства во висина од 60-70% !! ПОБРЗАЈТЕ !!!


  • Комплет за наводнување преку ден - до 600W пумпа
    Најмалиот од сите комплети , но сосем доволен да движи пумпа за вода со снага до 600 W !
    Во најголем број на случаи сосем доволно за наводнување на мала бавча , насад со овошки или мал систем „капка по капка “, потреба од вода за фарма со животни и друго.

  • Комплет за наводнување преку ден - до 1100 W пумпа
    Поголем комплет од претходниот , доволен да движи пумпа за вода со снага до 1100 W !
    Во доволен број на случаи сосем доволно за наводнување на помала нива , насад со овошки или систем "капка по капка ", потреба од вода за фарма со животни и друго. Чисто за споредба : за пумпа од моделите на Lowara , CEA - серија од 1100 W може да вади вода од околу 200 - 250 литри во минута од длабочина од 19-23 метри.

  • Комплет за наводнување преку ден - до 1,5 КW пумпа
    Најпогоден комплет за наводнување!
    Доволно голем за да задоволи голем број на потреби за наводнување на насади , за поголема фарма за напојување на стоката и слично.

  • Комплет за наводнување преку ден - до 3 КW пумпа
    Респектабилен комплет за наводнување!
    Овој модел е монтиран во Земјоделското училиште во Ресен и наводнува со систем „капка по капка “
    неколку овоштарници со јаболка.. Исто поставен е во с.Царев двор и наводнува плантажа со лешници .

  • Комплет за наводнување преку ден - до 4,5 КW пумпа
    Ако е потребна поголема количина на вода или пак водата треба да се црпи од поголема длабочина ,
    тука е овој комплет со пумпа до 4,5КW..

  • Комплет за наводнување преку ден - до 6 КW пумпа
    Најголемиот комплет за наводнување!
    Но и овде не е крајот на системите .Ако Ви е потребен систем со поголеми пумпи ,
    повелете , контактирајте не’ , ке Ви проектираме систем по Ваша желба..



  • Сите права задржани © 2011-2019 Елена и Звонко