КОНТАКТ

Мобилен телефон : 070 269-000
Фиксен телефон : 048 522-222
Email : mfc-solar@t.mk
SKYPE : zvonko.dimeski

СОЛАРЕН ФОТОНАПОНСКИ ПАНЕЛ 70W
  • Соларен фотонапонски панел 70W
    Помал соларен фотонапонски панел, изработен од половинки од келиите 156х156мм !
    Изработен од најквалитетни материјали што може да се најдат на светскиот пазар.
    Калено стакло од типот LOW-IRON ,со шара во вид на призма , овозможува висок степен на пропуштање на сончевите зраци, премачкан со антирефлексивен слој за подобро искористување на сончевите зраци внатре,
    а од надворешната страна премачкан со слој за нелепење на прашина и ѓубре.
    Соларните келии се со над 17 проценти на искористивост и се келии со скоро највисок степен на искористивост и производ од класа А1+, без надвореши дефекти и микропукнатинки.
    Позадинската фолија од ТПТ-тип дава повеке од 25 години заштита на панелот од надворешни влијанија на влага, вода и други влијанија од атмосферата и е отпорна на УВ-зрачење, соли , киселини и др. Алуминиумската рамка е со специјален профил и овозможува цврстина и крутост на целиот панел и овозможува лесна монтажа. Стаклото со келиите и фолиите е ставено во специјален прорез на Ал-профил и залиен со специјален силикон , кој не дозволува никакво продирање на влага и воздух во слоевите од фолии и келии.
    Приклучната кутија е со кабли од 90 цм и на краевите има MC4-приклучоци , кои се стандард во индустријата на соларни фотонапонски панели.
    Овие мали соларни фотонапонски панели се направени за посебни намени : улично осветлување , осветлување со ЛЕД-сијалици на градини и други помали објекти, за телекомуникациони уреди , како напојување за пумпи за соларни термални колектори , мали пумпи за базени , напојување на лаптоп во дивина, напојување на помал ТВ и на други места во зависност од вашата имагинација..

  • Kарактеристики на панелот

    Тип на соларни келии Поликристални, класа A1+
    Ефикасност на соларните келии >17%
    Димензии на соларните келии 78 х 156 мм
    Број на келии 36
    Предна страна Калено стакло со ПРИЗМА -шара , IRON -FREE
    Енкапсулант ЕVA
    Задна страна TPT
    Рамка Алуминиум
    Приклучна кутија IP65 стандард
    Диоди Shotky - тип
    Должина на кабли 60цм
    Димензии (Ш х В х Д ) 530 х 1000 х 32мм
    Тежина ~5 кг