КОНТАКТ

Мобилен телефон : 070 269-000
Viber : +38970269000
Email : mfc-solar@t.mk
SKYPE : zvonko.dimeski




- ГОЛЕМ комплет за викендичка ....................... 1050 евра
- MЕГА 1- комплет ........................................... 1200 евра
- MЕГА 2- комплет ........................................... 1900 евра

- СТАРТ - комплет за куќа.......................... 2200 евра
- МЕДИУМ - комплет ................................ 3800 евра
- БИГ - комплет .......................................... 5800 евра
- ЈАМБО - комплет..................................... 7700 евра


Зголемен избор и намалени цени на соларни контролери од 10А - 60А , повеке на контролери за полнење
- 10A соларен контролер..... 1200 ден.
- 20A соларен контролер..... 1800 ден.
- 30A соларен контролер..... 2400 ден.
- 40A соларен контролер..... 3000 ден.
- 50A соларен контролер..... 3500 ден.
- 60A соларен контролер.... .4000 ден.


- Систем за наводнување со пумпа до 1,1 KW од 2800 на 2000 евра
- Систем за наводнување со пумпа до 1,5 KW од 3200 на 2200 евра
- Систем за наводнување со пумпа до 3,0 KW од 4000 на 3000 евра
- Систем за наводнување со пумпа до 4,5 KW од 7200 на 4500 евра
- Систем за наводнување со пумпа до 6,0 KW од 9500 на 6000 евра
Си дозволуваме толкаво намалување заради пониските цени на соларните фотонапонски панели од наше производство.
Повеке на системи за наводнување

- 30 W ............2000 денари ( 32 евра )...инфо
- 70 W ............4300 денари ( 70 евра ) ... инфо
- 150 W ..........7000 денари ( 113 евра ) ( 0,75 евра/W )...инфо
- 280 W ........10000 денари ( 162 евра ) ( 0,57 евра/W )...инфо

- 5 КW ............4200 евра ... НАМАЛЕНО ! ( од 4800 на 4200 евра ).. инфо
- 10 КW ..........7400 евра ... НАМАЛЕНО ! ( од 8000 на 7400 евра ).. инфо
- 30 КW .........19500 евра ..
(650 евра/KW) ... инфо
- 60 КW .........37500 евра .. (625 евра/KW) ... инфо

- за поголеми централи од овие , јавете се , ке се договориме за цена и услови
Цените се ориентациони и зависат од тоа дали се монтира на покрив , на земја,
потоа какви елементи се употребени , панели и инвертери и се подложни на договор со муштеријата.
Имајте предвид дека користиме исклучиво инвертери од фирмата FRONIUS, Австрија ,со која компанија сме
SYSTEM PARTNER-и и е врвна светска марка по квалитет, а не кинески евтини инвертери, за да имаме пониски цени


  • ПОЧИТУВАНИ

    Соларните фотонапонски панели се користат за добивање бесплатна електрична енергија од сонцето. Се ставаат таму каде нема приклучок за ел.енергија или пак доведувањето приклучок на ел.струја е прескапо. А  и онаму каде треба да се плати за нов приклучок за куќа,викендица, фарма ,штала,мал погон,мотел,ресторан,телекомуникациона опрема , рибник , вадење на вода со помош на пумпи и друго.
    Подобра варијанта е да се стават соларни панели, а нема и додатни давачки во форма на улично осветление и РТВ-претплата. Ако пак бандерите за приклучување на струја се далеку и/или е потребно да се постави и трансформатор , цената на чинење за добивање на струја со поставување на соларни фотонапонски панели е далеку поевтина варијанта .
    Донесен е и нов закон со кој е овозможено да се поставуваат ON-GRID системи, т.е. мини соларни фотонапонски централи односно фотонапонски систем од мах. 4-5KW на куќа и максимум 20KW на дукан или погон .
    Но ако струјата се користи за сопствени потреби , нема ограничување во мокноста на поставените панели.
    Но и без тоа , ON-GRID комплетите веке се монтираат и произведуваат бесплатна ел.енергија
    Ние веке имаме понудено и монтирано многу такви системи.
    МФЦ-СОЛАР може да се пофали со нов погон , во кој сме веке преселени на крајот од 2017.
    Набавката на нова машина за ламинација на соларните фотонапонски панели овозможи нивно најсовремено производство.
    Сега произведуваме соларни фотонапонски панели со максимални димензии 2х1м и снага до 300 вати.
    Oд 2020 год. имаме производство на соларни фотонапонски панели од 30 w,70 w,150 w,260 w, 280 w и 300 w.
    Ке продолжиме со набавката на најквалитетните материјали за изработка на соларните панели , како и соларни келии со висок степен на искористивост.
    Сето ова , квалитетната изработка и новите машини овозможуваат висок квалитет и долготрајност на произведените панели.
    Во исто време во нашиот продажен програм имаме и доста голем избор на инвертори со голем распон на снага и намена , како и контролери за полнење на акумулаторите .
    Сега нудиме на пазарот 6 комплети за викендичка и 4 комплети за куќа и неколку модули за ОН-ГРИД систем.
    Преставени се 4 нови системи за наводнување без акумулатори и контролери, со тоа што пумпата автоматски ќе почне да вади вода со изгревање на сонцето , ке работи цел ден и ке се исклучи со заоѓање на сонцето.
    Работат автоматски , без надгледување. Првиот ваков систем е поставен во Ресен во овоштарник. На овој ЛИНК
    може да го погледнете краткото видео од еден таков систем , со 1,5KW пумпа , поставен во Кочани
    Во зависност од јачината на пумпата и нејзиниот приклучен напон се ставаат од 8 до 32
    соларни фотонапонски панели . И се менува големината на инвертерот од 0,75КW до 7KW .
    Предвидено е пумпите да бидат ТРОФАЗНИ и со ознака 3X380V.
    Но независно од комплетите , можеме според Вашите приклучени апарати и потреби од ел.струја , да пресметаме, понудиме и направиме потполно нов систем , спрема Вашите потреби и можности.
    Направен е МОБИЛЕН СОЛАРЕН СИСТЕМ наменет за сточарите кои престојуваат летно време на планините во бачилата.Тој систем е направен со метална конструкција и тркалца , за полесно да се транспортира.На бачилото само се крева и фиксира задниот панел и се приклучуваат апаратите на системот.Доволно за ТВ , сијалици , радио , полначи за мобилен и слично.Зиме само се спушта едниот панел и се транспортира на камионче или пикап.Во тек се испитувањe и докомплетирањето на уште 2-3 нови комплети за сточарите, овоштарите и земјоделците.. На сточарите да им се овозможи приклучување на машините за молзење ,додека на земјоделците да можат да вадат вода со помош на пумпи ,напојувани со соларни фотонапонски панели,
    со бесплатната енергија од сонцето , наместо со користење на скапата нафта и агрегати.
    На барателите на поголема количини на соларни фотонапонски панели им нудиме избирање на посебен дизајн и снага на соларните фотонапонски панели .
    Повелете,разгледајте го целиот сајт,одберете од понуденото или пак контактирајте не' ,
    заедно да го решиме Вашиот проблем ...
    Погледнете го делот ПРОЕКТИ , каде се сместени фотографии од поприличен број на монтирани панели и системи лично од мојата фирма , додека пак уште барем 7-10 пати по толку се купени од МФЦ-СОЛАР и монтирани од самите купувачи или нашите дилери ширум Македонија .
    За контакт тука се телефоните,е-мајли, скајп-контакт или пак повелете лично во нашиот погон во Прилеп, на лице место да се запознаете со нашиот производен и продажен програм .
    Ако сакате да бидете дилер и монтажер на нашите системи , повелете контактирајте не' ,
    да се договориме околу деталите .
    Постои и "зелен кредит" од Алфа банка и Халкбанка, со кој за мали камати може да подигнете доволно средства за поставување на соларен фотонапонски систем за викендица, куќа, погон , овоштарник или нешто друго.
    Повеке за тоа на овие :ЛИНК ЛИНК...

    Ваш МФЦ-СОЛАР