![]() |
|||
|
3-3-2013 - Произведени се новите 60 W соларни панели. Подетално за карактеристиките и нивниот изглед во делот ПРОИЗВОДИ . 20-3-2013 - Намалување на цената на соларните панели. Подетално во делот ПРАШАЊА . 27-3-2013 - Преставени новите комплети за наводнување Подетално во делот ПРОИЗВОДИ 1-4-2013 - Намалување на цени на комплети !!!! Мал комплет за викендица........310 евра Среден комплет за викендица...600 евра Голем комплет за викендица......850 евра 10-4-2013 - Произведени се новите 140 W соларни панели. 14-4-2013 - Нови комплети !!!! Мини комплет за викендица......... 210 евра МЕГА 1- комплет за викендица...1150 евра МЕГА 2-комплет за викендица....1700 евра
18-4-2013 - Обезбедено комплетно напојување на ресторан на планината Добра Вода,с.Ќафа. 8-5-2013 - Поставен систем за напојување на работа ТВ антенски столб на превој Стража.
|
|||
|
Почитувани
Соларните фотонапонски панели се користат за добивање бесплатна електрична енергија од сонцето. Се ставаат таму каде нема приклучок за ел.енергија или пак доведувањето приклучок на ел.струја е прескапо.Како што тргнало поскапувањето на ел.струја со поставување на соларните фотонапонски панели ке може да се дојде до поевтина ел.струја.Со моменталните цени од 2012 год.,користење на фотонапонски панели за домаќинства за добивање на ел.струја е поскапо од струјата од ЕВН, додека за индустриски објекти добиената струја е ПОЕВТИНА. А онаму каде треба да се дадат пари за нов приклучок за викендица, фарма , штала , мал погон,телекомуникациона опрема , рибник , вадење на вода со помош на пумпи и друго, во надобар случај,подобра варијанта е да се стават соларни панели. Може исто да чини , но барем ел. струја ке е бесплатна , а нема и додатни давачки за улично осветление и РТВ-претплата. А таму каде пак бандерите за приклучување на струја се далеку и/или е потребен трансформатор , цената на чинење за добивање на струја со поставување на соларни фотонапонски панели е далеку поевтина варијанта . Повелете,разгледајте го целиот сајт,одберете од понуденото или пак контактирајте не’ да го решиме Вашиот проблем ... Погледнете го делот МОНТАЖИ , каде се сместени фотографии од приличен број на монтирани панели , ширум Македонија . За контакт тука се телефоните,е-мајли, скајп-контакти или пак повелете лично во нашиот дукан во центарот на Прилеп, на лице место да се запознаете со нашиот производен и продажен програм . МФЦ-СОЛАР сега може да се пофали со потполно нов погон, нови машини и опрема . Набавката на нова машина за ламинација на соларните фотонапонски панели овозможи нивно најсовремено производство. Сега сме во можност да произведуваме соларни фотонапонски панели со максимални димензии 2х1 м и снаги до 250 вати. Ке продолжиме со набавка на најквалитетните материјали за изработка на соларните панели , како и соларни келии со висок степен на искористивост. Сето ова , квалитетната изработка и новите машини ке овозможат висок квалитет и долготрајност на произведените панели. Во почетокот на 2013 година исфрливме на пазарот уште 1 нов тип на соларен фотонапонски панел со моќност од 60 W , погоден за мали потрошувачи како улично осветление,телекомуникациони уреди.. А во почетокот на април 2013 изработен е новиот соларен фотонапонски панел од 140 W , како резултат на набавката на висококвалитетни соларни келии со ефикасност од 18% Со тоа добиваме на разноликост во задоволување на Вашите потреби за струја од сонцето. Во исто време во нашиот продажен програм имаме и малку поголем избор на инвертори од голем распон на снага и намена. Сега нудиме на пазарот,покрај постојните 3 комплети за викендичка уште 3 нови комплети , МИНИ и МЕГА комплети. А тука се и двата комплета за наводнување , кои уште ке се доградуваат и унапредуваат . Се’ со цел да имате поголем избор , спрема Вашите потреби и Вашите можности. Во тек се испитувањe и докомплетирањето на уште 2-3 нови комплети за сточарите, овоштарите и земјоделците.. На сточарите да им се овозможи приклучување на машините за молзење ,додека на земјоделците да можат да вадат вода со помош на пумпи ,напојувани со соларни фотонапонски панели,со бесплатната енергија од сонцето , наместо со користење на скапата нафта и агрегати. На барателите на поголема количини на соларни фотонапонски панели им нудиме избирање на посебен дизајн и снага на соларните фотонапонски панели . Ваш МФЦ-СОЛАР |
|||
|
|
|||
|
|